Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Австралискиот брачен пар Џед Хрис и Марта Ровик го продале сиот имот кој го поседуваат и заедно со двете мали деца се преселиле да живеат во специјално адаптиран автобус.
Од продажбата на имотот Џед и Марта заработиле 40.000 долари, со што купиле автобус и целосно го реновирале, адаптирајќи го за семеен живот со децата. Реновирањето тралео 18 месеци а резултатот е удобен дом од триесеттина квадрати.
Се текот на годините тие станеле минималисти, а велат дека не им требаат пари за да бидат богати.
Пред венчавката во 2010 година парот патувал низ Австралија две години а по раѓањето на првата ќерка одлучиле дека сакаат да заработуваат само преку интернет за што повеќе време да поминуваат заедно.
„Сите треба да ги намалиме своите трошоци. На почетокот беше тешко, но штом се преселивме на улица, се будам среќен затоа што знам дека го имама целото време на светот“, вели Џед.
Објаснува дека досега најголем предизвик им претставувало тоа да одлучат колку долго да останат на едно место.
„Кога негде ќе се задржиме подолго, девојчињата почнуваат да ги тестираат границите па понекогаш и премногу се оддалечуваат“, наведува тој.
Велат и дека имаат поддршка од своите семејства и признаваат дека и сами во некој момент посакуваат поголема куќа, автомобил, но тогаш сфаќаат дека за желби треба повеќе да се работи а помалку време да се поминува со семејството.
„Луѓето обично го променуваат животот и почнуваат да живеат по свое кога ќе се разболат и ќе почувствуваат дека смртта им е близу. Не сакавме да чекаме за да почнеме да ги живееме своите сништа“, вели Џед.