Девојката на синот на премиерот Еди Рама загина во земјотресите во Албанија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Албанските медиуми официјално потврдија дека 24-годишната Кристи Реци, девојка на 29-годишниот Грегор, син на албанскиот премиер Еди Рама, е една од жртвите во земјотресите кои ја погодија во Албанија. Веста ја пренесоа медиумите од регионот, а ја потврди и Грегор на социјалните мрежи.

Според пишувањата во тамошните медиуми, парот бил заедно повеќе години, но не се експонирале во јавност. Младата Криси неодамна дипломирала дерматологија на Универзитетот во Тирана. Цело семејство на девојката загинало во земјотресот.

Првин нејзиното и телото на нејзиниот татко биле извлечени од урнатините во вторникот, а телото на мајката и братот од Кристи биле извлечени неколку часа подоцна.

Грегор е син од првиот брак на Рама. И тој, како и неговиот татко покажувал интерес кон уметноста и сликањето, и дипломирал на академијата за уметност во Тирана.