Виц: Исус, слепиот Американец, глувиот Французин и куциот Македонец


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Си седат во еден парк тројца инвалиди – слеп Американец, глувонем Французин и куц Македонец. Наеднаш пред нив се појавува Исус и му вели на Американецот:
– Затоа што цел живот си праведен, ќе те избавам од маките!
Го допира Американецот и овој прогледува. Почнува да скока од радост. Потоа Исус му вели на Французинот:
– Ти исто така си чесен човек, синко! Еве ти и тебе награда!
Го допира и Французинот почнува да слуша. Потоа Исус се свртел кон Македонецот, а нашиот му се развикал:
– Да не си ме пипнал, земам 12.000 инвалидска пензија!