Мисирките од Белата куќа за „Денот на благодарноста“ сместени во луксузен хотел


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Двете мисирки од кои едната ќе добие помилување од претседателот Доналд Трамп, а другата треба да се најде на свечената трпеза во Белата куќа по повод „Денот на благодарноста“, беа сместени во луксузен хотел.

Белата куќа го отвори гласањето за тоа која од двете мисирки претседателот Доналд Трамп ќе ја помилува оваа година како дел од традицијата на Денот на благодарноста.

Мисирките ја минале ноќта во луксузен хотел во Вашингтон, каде можеле да уживаат во сите удобности, како што се меки кревети и добра храна.

Тие беа однесени на прес-конференција во хотелот Вилард во понеделникот наутро, каде беа објавени и нивните имиња Леб и Путер. Трамп е предвидено да објави која од нив ќе биде помилувана.

Минатата година, мисирките Грашок и Морков имаа многу среќа затоа што ниту еден од нив не остана без претседателското помилување и не заврши како свечена вечера на трпезата на семејстовото Трамп.

Сепак, кога требаше да се објави победникот, тоа беше Грашок. Изборите беа, како што рече Трамп, „фер и отворени“.

Празничната мисирка е неопходно главно јадење за Денот на благодарноста, празник кој се слави секој четврти четврток во ноември.

Традиција е и претседателското помилување на мисирки пред Денот на благодарноста.