Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Xiaomi на последната пред-конференција во Пекинг претстави нова технологија за брзо полнење на батериите на смартфоните. Оваа технологија од следната година треба да почне да се вградува во премиум уредите.
Се работи за претходно најавуваната „Super Charge Turbo“ технологија за брзо полнење од дури 100W, која е претставена преко промотивен видео приказ на настанот во Пекинг.
Од Xiaomi тврдат дека со ваквите полначи ќе бидат доволни само 17 минути за целосно да се наполни батерија со капацитет од 4000mAh.
Од кинеската компанија сè уште немаат објавено кај кои паметни телефони можеме да ја очекуваме технологијата за супер брзо полнење, но според гласините тоа би можеле да бидат „Mi Mix 4“ и идните „Redmi K30“ модели.