Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бобан Ковачевски, балетан и професор на факултетот за балетска уметност, му удирал шлаканици на малолетен ученик за време на претставата „Клеопатра“, одржана во МОБ, пренесува телевизија Алфа.
Ова обвинување пред камерата на Алфа го тврди мајката на ученикот. Причината објаснува таа, е што малолетникот на време не му донел вода на сцената додека траела претставата, откако Ковачевски го пратил да му донесе.
„Јас не го најдов детето на улица и не сум го пратила во училиште некој да ми го тепа, поготово не за време на претстава, па да го симнуваат од сцена, мислам дека тоа не е решение“, се пожали Билјана Сарафова, мајката на детето.
Сарафова случајот го пријавила кај директорот, но тој и рекол дека не било ништо страшно и добро би било случајот да се заборави.
„Од училиштето си го бранат професорот, велат дека децата биле недисциплинирани, што тоа не е така, а директорот ми рече дека повеќе не сака да зборува за случајот“, додава Сарафова.
Директорот на училиштето Љупчо Коскаров за Алфа изјавил дека не е запознаен со ситуацијата, дека не сака да зборува и нема побарано одговорност од вработениот професор.