Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со најновата ценовна корекција на горивата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ стапуваат на сила новите цени за бензините и дизелот.
Цените на „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ се зголемуваат за половина денар за литар, а на дизелот се намалува за еден денар, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.
Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 68,50 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 70,50 денари за литар.
Малопродажната цена на дизелот пак ќе изнесува 61 денари за литар.