Royal Falcon One – суперјахта излезена од работилницата на Porsche


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Суперјахтата „Royal Falcon One” која доаѓа од работилницата на автомобилскиот и технолошки гигант Porsche, е пуштена на пазарот, каде предизвика воодушевување меѓу љубителите на морските бродови со својот импресивен изглед.

Токму тоа била и намерата на компанијата со база во Сингапур „Royal Falcon Fleeta“ , кога стапила во контакт со Porsche со желба заедно да направат нешто нови и импресивно.

Суперјахтата е опишана како вселенско возило на вода. „Royal Falcon One” е дизајниран во стилот на катамаран со два паралелни трупа, а елеганцијата и е многу слична на онаа на спортските модели.

Овој луксузен пловен објект може да прими десет гости. Двата трупа создаваат целосно поинаква пловидба, а јахтата и делува како спортски автомобил кој се движи по патека.

Во внатрешноста на екстравагантната јахта има четири големи кабини за гости и главна соба со сопствена приватна, сончева палуба, џакузи, шанк и салон.