Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денот на албанската азбука, кој се одбележува денеска, како историски настан е поврзан со Битолскиот конгрес одржан на 22 ноември 1908 г. на кој било унифицирано писмото на Албанците и се смета за еден од најважните политички, културни, научни, јазични и образовни настани за албанскиот народ.
Конгресот во Битола бил отворен на 14 ноември и траел до 22 ноември 1908 година. Учествувале 50 делегати од 26 градови, клубови и друштва. На конгресот присуствувале 150 делегати, кои дошле од Албанија, како и од албанските заедници во Романија, Италија, Грција, Турција, Египет, Америка итн. Претседател на Конгресот бил албанскиот дипломат, писател и политичар Митхат Фрашери. На Конгресот била усвоена одлуката да се прифати латиницата со извесни промени на буквите адаптирани на особеностите на албанскиот јазик.
Одбележувањето на денот на албанската азбука 22 ноември за граѓаните припадници на албанската заедница во земјава е неработен ден.