Борисов упорен: Антибугарската реторика треба да биде забранета, ние никаде не сме биле окупатори


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По средбата која завчера, во Загреб, ја остварија првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и бугарскиот премиер Бојко Борисов, вчера Борисов уште еднаш упорно апелираше дека во Македонија треба да биде забранета антибугарската реторика. Тој додаде дека не само што треба да се забрани, туку и луѓето да знаат дека Бугарите не биле окупатори таму за време на Втората светска војна.

,,Вчера се сретнав со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој ме увери дека пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ и во НАТО е приоритет за ВМРО. За да може една земја да врви кон интеграциите, сите партии мора да се изјаснат и да го прифатат тоа. Антибугарската реторика не само што мора да биде забранета, туку(луѓето) треба да бидат уверени и дека не е тоа точно. Државата не треба да користи антибугарска реторика. Ако некој каже дека Бугарите биле фашистички окупатор, тогаш нема да ја добие нашата поддршка. Не бевме окупатор на никој. Читањето на историјате е тоа што го кажуваат историчарите и како што со векови го прифаќаме. Ако сакаат да напредуваат, вредностите и системот на поддршка се јасни“-вели Борисов.