Шерцингер во нова љубовна врска – има нов дечко


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Една од најпознатите и најатрактивните светски пејачки, жешката Никол Шерцингер повторно е во љубовна врска за која светот дозна откако медиумите објавија дека таа има ново момче.

Според светските медиуми мегапопуларната Никол е во врска со седум години помладиот рагбист Том Еванс. Никол и Том повеќе пати во Лондон се „уловени“ од папараците на романтична вечера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Scherzinger (@nicolescherzinger) on

„Том долго беше воодушевен од Никол, па кога му се даде можност да ја запознае веднаш ја зграпчи таа шанса. Веднаш ја повика на вечера, а симпатијата меѓу нив двајца беше забележлива уште на првата средба, изјавил за медиумите анонимен извор близок до Том.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thom Evans (@te11) on

Никол и Том инаку се познати по својот бурен љубовен живот. Атрактивната пејачка долго време е во врска со спортисти, неколку години се забавуваше со светскиот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон, а потоа и со младиот бугарски тенисер Григор Димитров.

Том пак пред неколку години се забавувал со британската манекенка и актерка Кели Брук. Двојката дури и очекувала дете, но Кели доживеала спонтан абортус и многу брзо потоа било соопштено дека Кели и Том се разделиле.