Антикорупциска отвора случај против Анѓушев


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет против вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, поради владината одлука за намалување на царината за литиумски батерии за акумулатори.

Според Антикорупциска, Анѓушев не се изземал во вториот дел од постапката. Тој присуствувал на седница на Влада каде била усвоена одлуката.

ДКСК утврди дека има судир на интереси и ќе побара од премиерот да покрене иницијатива за утврдување на одговорност заради прикривање на приватни интереси од страна на Анѓушев.

Оваа одлука на ДСКСК беше усвоена по 30-минутна дебата на членовите, со 4 гласови за , наспроти 2 против.

Во интервјуто кое го даде во Топ Тема на Телма, Анѓушев тврдеше дека барањето за намалувањето на царините се однесувало за полска компанија а не за негов бизнис интерес.