Сан Марко под вода: Венеција поплавена од највисоката плима во последните 50 години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Највисоката плима која го погодила градот во последните 50 години, делови од Венеција целосно ги поплави и остави под вода, пренесува BBC.

Водите се искачија на 1,87 метри, според центарот за набљудување на плимата и осеката. Само еднаш откако следењето започнало од 1923 година, плимата била поголем, во 1966 година кога достигнала 1,94 метри.

На фотографиите се гледаат популарните туристички места целосно поплавени.

Плоштадот Сан Марко – еден од најниските делови на градот – беше најтешко погоден. Базиликата Свети Марко е поплавена по шести пат за 1.200 години, според црковните записи.

Пјерпаоло Кампострини, член на советот на Сан Марко, рече дека четири од овие поплави се случиле во последните 20 години. Градот Венеција го чинат повеќе од 100 острови во лагуна на северо-источниот брег на Италија.

Две лица загинаа на островот Пелестрина. Маж кој се обидувал да стартува пумпа во својот дом починал од удар на струја, а второ лице е пронајдено мртво на друго место.

Градоначалникот на Венеција Луиџи Бруњаро изјави дека ќе прогласи состојба на катастрофа и предупреди дека поплавата ќе „остави траен белег“.

„Ситуацијата е драматична. Бараме од владата да ни помогне. Трошоците ќе бидат високи. Ова е резултат на климатските промени“, напиша тој на Твитер.