Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар верува дека наскоро повторно ќе го облече дресот на Барселона, пренесува „Мундо Депортиво“.
Весниот открива дека Нејмар овој викенд престојувал во Барселона, па дури и се видел со блиски пријатели како Лео Меси и Луис Суарез.
Користејќи го поводот дека е повреден, Бразилецот одлетал во каталонската престолнина на роденденот на сопругата на Суарез.
На забавата Нејмар им соопштил на своите пријатели дека се уште настојува да се врати во Барселона и дека има реална можност тоа да се случи следното лето.
Во текот на целото лето траеше трансфер сагата на Нејмар, но ПСЖ и Барселона не успеаа да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.