Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во нејзиното гостување на телевизија Сител, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, истакна дека според „лајкин индикаторите“, на едно семејство со две деца до 14 години и двајца родители му требаат околу 17.000 денари за да го „помине“ месецот.
Таа додаде дека Министерството за труд и социјална политика не може да ги базира своите политики врз основа на субјективните пресметки за тоа колку пари се потребни за да се помине месецот.
„Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. Лајкин индикаторите кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речиси до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како лајкин индикатор треба да се основа за креирање на политики, рече Царовска за „Детектор“.