Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српскиот претседател Александар Вучиќ на неговиот Инстаграм профил сподели фотографија на која е фотографиран како јаде полнети пиперки.
View this post on Instagram
„Полнети пиперки како окрепување пред патот во Женева“, напиша Вучиќ покрај фотографијата.
Фотографијата наскоро стана предмет на шега, а профилот на Инстаграм, Негујемсрбски, познат по шегите, ја спореди со негова претходна фотографија.
View this post on Instagram
На левата фотографија, насловена како „кога ќе легне платат “, Вучиќ држи послужавници со скара во рацете. Оваа фотографија е направена во времето кога тој беше премиер и ги служеше на новинарите на новогодишниот прием. Десно, со наслов „близу е крајот на месецот“, Вучиќ јаде полнети пиперки. Дополнителен шеговит момент и е зајаденото лепче од Вучиќ, на кое се гледа дека е изедена само средината.
Очигледно дека ваквата споредба му се допадна и на Вучиќ , зашто и самиот стави лајк на истата.