Откриено: Причина за бесот на Конте е пропаднатиот летен трансфер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Антонио Конте после поразот од Борусија Дортмунд беше видно вознемирен и јавно го нападна раководството на Интер.

Денес „Газета дело Спорт“ открива дека причина за неговото незадоволство е пропаднатиот летен трансфер на Един Џеко.

Конте смета дека раководството не ги исполнило ветувањата и неколку пати јавно се пожали дека располага со мал број фудбалери.

Една од главните желби на Италијанецот кога седна на кормилото на „нероаѕурите“ беше доведување на Един Џеко од Рома.

Раководството се обидуваше во текот на целото лето да го донесе Босанецот, но Џеко на крајот остана во Рома.

Тоа многу го налути Конте, кој се уште не може да се помири со фактот дека нема алтернативен напаѓач во тимот.