Home Вебкафе Се продава „ганц“ нов примерок од легендарниот Mercedes 560 SEL – цена 150.000 евра

Се продава „ганц“ нов примерок од легендарниот Mercedes 560 SEL – цена 150.000 евра

Серијата „500“ од славниот германски автомобилски производител Mercedes-Benz е една од најуспешните негови серии, заедно со нејзините наследни генерации на модели. Меѓу нив е и Mercedes 560 SEL, кој и денес негува посебен статус на легенда.

Со вонвременски дизајн, кралска удобност и 299 КС на моќниот 5,5 V8 мотор, овој автомобил е сè уште поим за комоција и појавна помпезност.

Една таква лимузина е на продажба на mobile.de. Она што го прави посебен е тоа што по 33 години од производството, тој поминал ни повеќе ни помалку, туку само 46 км. И бидејќи никогаш не бил регистриран, Поради тоа овој примерок на Mercedes се евидентира како нов.

Иако сопственикот го фали како нераспакуван примерок , фотографиите докажуваат дека навистина е така. Сè е на своето место, како да е сега 1986 година кога би произведен.

Точно, кабината ги покажува годините во некои детали, но затоа седиштата изгледаат како никој да не седнал на нив сите овие години.

Позната е и цената. Продавачот бара за овој Mercedes 150.000 евра, забележувајќи дека е „тешко да се пресмета вистинската вредност на автомобилот“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Интересни велигденски традиции од целиот свет

Интересни велигденски традиции од целиот свет Набргу ќе го прославиме Велигден, еден од на…