На дното од Балтичко Море најдени 900 шишиња 100 години стар француски коњак – еве за кого биле наменети


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


900 шишиња најквалитетен француски коњак стар повеќе од 100 години беа пронајдени од тим составен од шведски и исландски нуркачи. Пратката со квалитетниот алкохолен пијалок, дел од товарот на шведски брод кој бил потопен во Балтичкото Море во 1917 година од германска подморница, била наменета личо за последниот руски цар Николај Втори.

Интригантната приказна започнува во мај 1917 година кога шведскиот брод „Кирос“ пловел кон санкт Петерсбург, носејќи 50 гајби француски коњак и уште 15 гајби друг алкохол. Примачот на пратката бил лично царот Николај Втори, кој се повлече од престолот два месеци порано.

Русија сè уште беше формално во војна со Германското Царство, па товар бил испратен од Франција на брод што припаѓал на неутрална Шведска. „Кирос“, сепак, никогаш не стигна до својата дестинација.

Додека го минувал островот Аланд во Балтикот, бил пресретнат од германската подморница „УЦ-58“.

Според законот за време на војната, Германците го обвинија екипажот за шверц на нелегална стока, принудувајќи ги да ја пренесат на друг брод, но пред тоа го потопат сопствениот. Така 900 шишиња, со најдобри и најквалитетни француски пијалоци, завршија на дното на морето.

Пред 20 години беше пронајден бродот, но било премногу опасно да се нурне и да се обиде да се извади товарот. Но, сега, тим од шведски и исландски нуркачи одлучи да се обиде и да успеа.

После неколкугодишни подготовки, тие конечно ја завршија мисијата со помош на роботи и успеаја да спасат околу 600 шишиња коњак De Haartman & Co и 300 шишиња ликер од Бенедиктин.

Шишињата што тие ги изложиле се непроменети. Некои од нив сè уште носат оригинални восочни тапи и обележја.

„Важноста на ова не може доволно дас е искаже. Не само што е редок наод, туку е и дел од историјата на империјална Русија“, соопшти шведскиот тим.

Посебно внимание заслужува ликерот Бенедиктин, кој веќе не се произведува, а неговиот производител, кој е основан од француски монаси, сега го наследи брендот Бакарди.