Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонските истражни и полициски органи го водат славниот македонски архитект и професор во пензија, Георги Константиновски, како исчезнат, откако тоа било пријавено од страна на семејството на архитектот.
Неговото семејство пријавило во полиција дека Константиновски исчезнал ноќта меѓу петокот и саботата од домот во Бардовци, каде живеел 35 години.
Инаку, тој е автор на студентскиот дом Гоце Делчев, Домот на печат во Приштина за кој доби југословенска награда, на објектот во Пелинце и Сеизмолошкиот завод.