„Рекет“ даден на оценка – се чека закажување на судско рочиште за случајот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, денес изјави дека случајот „Рекет“ е даден на оценување и се чека истекнување на роковите, за да се закаже судско рочиште за истиот.

За „Рекет“ првоосомничен е Бојан Јовановки за примање награда за противзаконско влијание, за перење парти и за други приноси од казниво дело. Второ осомничен за трговија со влијание е Зоран Милески – Кичеец, а поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е третоосомничена за злоупотреба на службената положба и овластување. Јовановски и Јанева се во притвор во Шутка, додека Кичеец е во домашен притвор.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска подоцна издаде наредба за отворање истрага за измама, перење пари и помагање во овие кривични дела против Боки 13 кој е веќе во притвор за Рекет, против татко му Миле Јовановски, Јасна Мандиќ и нејзината асистентка, против потпретседателката на Собранието и пратеничка од СДСМ Фросина Ташевска-Ременски. За измама како правен субјект се гони и Меѓународниот сојуз за делото измама.

-Мислам дека се уште не е закажано рочиште за Рекет, бидејќи еден од бранителите подолго време не примаше покана, додаде Џолев.

Претседателот на Кривичен денеска информираше и дека рочиштето за предметот за организаторите на настаните од 27 април е закажано за 4 ноември.