Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поминаа 35 години од премиерното прикажување на првиот „Terminator“, а во новото продолжение од оваа франшиза повторно ќе ги гледаме легендите од „кецот“.
Линда Хамилтон (Сара Конор) и Арнолд Шварценегер (Т-800) се враќаат во своите изворни улоги во новото продолжение наречено „Terminator: Dark Fate“. Режијата ја потпишува Тим Милер, а продуценти се визионерите Џејмс Камерон и Дејвид Елисон.
Тим се надева дека серијалот за Терминаторот се враќа на неговите корени, а ќе има и современ сензибилитет базиран на колективната анксиозност околу вештачката интелигенција.
„Сега тоа исплива на површина…Првите два филма за терминаторот кои ги направив ги третираа судирите со машините од иднината и прифаќањето на истите во фантастичен контекст. Затоа сум многу возбуден бидејќи ќе претставиме идеја за приказна која има смисла во сегашноста“, изјави Камерон.
„Првите филмови се порелевантни денес отколку во времето кога ги направи (Камерон). Многу од тоа се чинеше како прогноза, бидејќи стана реалност на светот во кој живееме“, додава Милер.
Во останатите улоги играат Мекензи Дејвис, Наталија Рејес, Габриел Луна и Дего Бонета.