Морските бранови ја соблекоа тангата од славната пејачка пред очите на цела плажа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Атрактивната и заводлива пејачка Каролин Вриленд пред очите на присутните на преполна плажа во Мексико остана без долниот дел од бикините кога да поужива во разбрануваното море.

Жешката русокоса реши да го прослави својот 32 роденден во градот Тулум, а папараците ја снимаа на плажа додека се „бори“ со брановите кои што ја оставија Каролина буквално без гаќички.

Со оглед на тоа дека таа носеше тенко бикини на врзување, долниот дел од костимот за капење во еден момент целосно се одврза, а Вриланд на сите им го покажа голиот задник.

Но, згодната музичарка не се засрами – брзо го поправи костимот и продолжи да ужива во морето како ништо да не се случило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caroline Vreeland (@carolinevreeland) on

Инаку, Каролина, освен со пеење се занимава и со мода – ја украси насловната страница на рускиот Харпер базар и учествуваше на модната ревија на годинешната Недела на модата во Милано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caroline Vreeland (@carolinevreeland) on

Покрај тоа, оваа Американка со германско потекло е позната и како голема sвезда на Инстаграм,каде ја следат нешто помалку од 400.000 луѓе.