Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младата тинејџерка и активистка од Шведска, Грета Тунберг, која го освои светот со своите пораки и острите настапи пред светските политичари, најави дека ќе се повлече од социјалната платформа Фејсбук и тоа го објави токму преку таа социјална мрежа.
Грета Тунберг соопшти дека размислува за тоа затоа што Фејсбук не е во можност да стави крај на злоупотребите упатени кон неа.
Таа напиша дека постојаните лаги и теории на заговор што ги шири Фејсбук, секако, резултираат со омраза, смртни закани и на крај насилство.
„Фејсбук лесно можеше да го запре сето тоа ако сакаше“, напиша Тунберг, тврдејќи дека тоа е неуспех на „Фејсбук“и размислува дали воопшто да продолжи да ја користи оваа социјална мрежа. „Недостатокот на одговорност е многу вознемирувачка за мене. Но, сигурна сум дека ако доволно од нас бараат промена, тие ќе ја донесат таа промена “, заклучи таа.
„Јас, како и многу други, се прашувам дали треба да продолжам да го користам Фејсбук или не. Дозволувањето говор на омраза, недостаток на проверка на фактите и, се разбира, прашањето за мешање во демократските процеси … се само дел од многу, многу други работи што се многу вознемирувачки.
Постојаните лаги и теории на заговор за мене и безброј други, секако, резултираат со омраза, смртни закани и на крајот насилство. Фејсбук лесно можеше да го запре тоа ако сакаше. Немањето одговорност е многу вознемирувачко за мене. Но, сигурна сум кога ќе бидат оспорени и кога доволно од нас би барале промена, таа промена ќе се случи “, напиша таа на својот Фејсбук профил.
Таа исто така сподели видео од сослушувањата на Марк Закерберг во американскиот Конгрес.
Грета Тунберг минатата недела објави на „Фејсбук“ дека и било кажано дека луѓето ја користат нејзината популарност на оваа социјална мрежа за да добијат пристап до бројни лидери, актери и музичари.
„Укажано ми е дека некои луѓе лажно тврдат дека ме претставуваат, за да комуницираат со политичките лидери, познати пејачи, актери и музичари.Добрата вест од сето ова е дека она што го правиме остава белег. Активизмот гори. Се гледаме на улиците “, напиша младата шведска активистка проти климатските промени.