Објавени нови „бомби“ во рамки на случајот „Монструм“ – СМС пораки меѓу Османи и Ахмети


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во рамки на продолжението на судскиот процес за случајот „Монструм“, на денешното судско рочиште се прочитаа и неколку СМС пораки и транскрипти од разговори водени помеѓу функционери од ДУИ, кои разменуваат информации за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро, пренесува Фокус.

Речиси еден месец по петкратното убиство, одноно на 9 мај 2012 година, Бујар Османи му се јавува на Али Ахмети и го известува дека ќе оди во посета на едно семејство, а од контекстот се нѕира дека станува збор за семејството на тогашниот загрозен сведок Хаки Азири, кој потоа се предомисли и стана обвинет.

Бујар: „Ќе одам кај татко му на овој“, кусо му вели Османи на Ахмети.

Ахмети го советува да не открива многу детали, односно дека се заинтересирале и разбрале дека е добар.

„Ќе кажеш дека сме разбрале дека е добар. Како што ни кажале на нас, така и на вас“, вели Ахмети.

По средбата му се јавува Османи и го информира дека бил кај човекот и седел два часа, а Ахмети го прашува како поминал?

Бујар не кажува многу детали, само дека човекот барал помош. На истата тема со Ахмети зборува и тогашниот министер и генерален секретар на ДУИ, Абдулаќим Адеми кој му кажува дека се видел со Османи и дека добро поминале кај фамилијата. Ахмети го спомнува земјиштето кај Смиљковското Езеро, односно вели: „Таа работа со земјата е интересна“, на што од сопартијците добива одговор дека таму некој сакал да прави ресторан за риби.