Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
32-годишната конгресменка Кети Хил, членка на американскиот Конгрес, била во бисексуална љубовна врска и со својата девојка, но и со својот машки помошник. За скандалот да биде дополнително зачинет, на интернет се објавени и фотографии од оваа афера.
На фотографиите се гледа како конгресменката oд Калифорнија , Кети Хил позира гола и се бакнува со својата помошничка, 24-годишната Морган Десџардинс, додека држи бонг за пушење марихуана.
Shocking photos of Congresswoman Katie Hill are revealed as she’s seen posing nude on ‘wife sharing’ sites https://t.co/HbnAWoV5Ou pic.twitter.com/MgWCRII9CM
— Daily Mail US (@DailyMail) 24. Oktober 2019
Скандалозни фотографии на првата отворено бисексуална конгресменка од Калифорнија ги објави „Дејли меил“ ,еден ден откако беше покрената истрага против неа во врска со тврдењата дека имала секс со двајца млади асистенти, маж и жена.
Адвокатите на младата конгресменка од партијата на Демократите побараа британскиот весник да ги отстрани контроверзните фотографии затоа што станува збор за „закана за приватноста“. Тие исто така негираа дека тетоважата на телото на конгресменката нема никаква врска со нацистички симболи, пишува „Хафингтон пост“.
Тоа е само продолжение на скандалот што почна откако сопругот на Кети, Кени Хеслеп, кој во моментов се разведува од неа, дозна на почетокот на годинава на Фејсбук дека жена му е во врска со колегата Греам Кели.
View this post on Instagram
„Отпрвин не побарав развод затоа што беше бисексуална. Само што не знаев дека таа ја направила нашата врска отворена“, напиша Хеслеп на социјалната мрежа. Во јули, сепак, тој ги предаде документите за развод.
Хил ги негираше обвинувањата и тврди дека нејзиниот сопруг ја злоупотребил за време на деветгодишниот брак. „Тој реши да ме понижи заради прекинот“, вели таа.
Додека сите зборуваа за политичарката и нејзината врска со машки колега, таа потврди дека спиела со млада колешка која работела на нејзината изборна кампања во 2017 година.
#new #California Democrat #KatieHill admits affair, apologizes, promises to work with Ethics Committee. pic.twitter.com/SZPXKGkEVl
— Kevin Corke (@kevincorke) 24. Oktober 2019
„За време на последната година од мојот лош брак, започнав врска. Знам дека е несоодветно, но дозволив да се случи иако не беше разумно. Се извинувам за тоа”, напиша Хил на Твитер.
Интересно е што лезбејската врска на сопругата на Хеслеп, која траеше повеќе од една година, не му пречеше.