Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Курдите ја пренесоа веста дека вчера вечерта во заедничка воена операција на Курдите и американските воени сили, бил убиен и вториот човек на Исламската Држава, Абу ал-Хасан ал-Мухаџир, кој беше десна рака на завчера убиениот лидер на ИСИС, Багдади.
Во заедничкиот напад на Курдите и на американските сили на северот на Сирија е убиен и вториот човек на Исламската држава.
Сириските демократски сили (СДФ), во кои главен дел се од курдската ППГ, објавија дека ја таргетирале целта во близина на сирискиот пограничен град Џараблус, според разузнавачките информации обезбедени од СДФ и американската војска.
Главниот командант на СДФ, Мазлум Абди, рече дека нападот е „продолжение на претходната операција“ во која загина Абу Бакр ал-Багдади, водач на ИД.
Водачот на Ид, Абу Бакр ал-Багдади, беше убиен во операцијата на американските специјални сили во североисточна Сирија во текот на ноќта во неделата, што и нанесе сериозен удар на џихадистичката група.
Абди на Твитер напиша дека портпаролот на ал- багдади бил мета во селото Аин ал-Бајда на северот од провинцијата Алеп и дека се смета за десна рака на ал-Багдади.
Информациите што беа користени за операцијата, во кои беа вклучени 8 хеликоптери, беа обезбедени од Курдите и Русија која го отвори сирискиот воздушен простор, порача американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето во текот на денот и им се заблагодари на Сирија, Турција и Ирак за нивната поддршка.