Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во пролетта 1991 година, пејачот на славната група Pearl Jam, Еди Ведер, читајќи весник наишло на шокантен наслов за самоубиството на тинејџер во средното школо каде што учел. 15-годишниот Џереми Дел од необјасниви причини одлучил да си го одземе животот пред својот клас во средното училиште во Ричардсон, сојузна држава Тексас.
Ведер бил длабоко трогнат и погоден од приказната што истиот момент заклучил дека на момчето мора да му оддаде почест со песна која ќе му ја посвети нему, инспирирана од неговиот случај. Така настанала песната „Jeremy“, еден од најпознатите хитови на Pearl Jam и истовремено една од најпознатите рок-гранџ песни од ’90-те години, инспирирана од смртта на Џереми Дел.
Но, пријателите и роднините на Џереми тврдат дека песната и не го следи баш неговиот живот, иако и денес е обожавана од огромен број обожаватели на Pearl Jam, но и на рок музиката генерално. Очигледно популарноста на песната, во суштина, ја засенила вистинитата трагична приказна за Џереми.
Вистинскиот Џереми Дел
На 8 јануари, 1991 година, 15-годишниот Џереми малку задоцнил на часот по англиски, а неговата професорка му рекла да се јави во надлежната канцеларија и да донесе формулар за присуство. Наместо формулар, Дел се вратил со револвер Smith&Wesson во раката.
Момент пред да се убие пред своите соученици, се свртел кон учителката и рекол: „Госпоѓице, го имам она по кое навистина тргнав“.
Брајан Џексон, кој учел во истото училиште, се наоѓал во ходникот покрај својот ормар кога слушнал пукање. „Звучеше како некој да удрил со книга по масата. Мислев дека станува збор за некаква претстава или нешто слично. Но, тогаш слушнав врисок и видов расплакана девојка која истрча од училницата“.
Кога ѕирнал низ вратата, го видел Дел како крвари на подот и сфатил што се случило. „Професорката стоеше покрај ѕидот, плачеше и се тресеше. Некои стоеја покрај неа и ја држежа, како да ја придржуваа да не падне“.
Хауард Пер Фелман се наоѓал во другата училница и баш како и Џексон, и тој помислил дека станува збор за претстава ил шега, но тогаш слушнал морничав врисок.
Кој беше Џереми Дел?
Иако поради медиумските статии посветени на случајот, сите разбраа дека Дел се самоубил, малкумина беа оние кои ги знаеја и причините за неговото самоубиство.
Соучениците од класот го паметат како срамежлив и тажен тип, но никој не очекуваше дека ќе го направи она кое го направи. Дури сметаа и дека во неговото однесување нема ништо чудно. Но, сепак, Лиса Мур, која го познавала и со него разменувале пораки, тврди дека во деновите пред самоубиството се однесувал малку поинаку од обично.
Поточно, Џереми своите пораки кои ги праќал на Лиса секогаш ги потпишувал на ист начин, но ден пред самоубиството нешто се сменило.
„Во пораките кои ги разменувавме, секогаш разговаравме за животот и слични нешта, а секој својата порака ја потпишуваше со ’write back‘. Но, во понеделникот (7 јануари), наместо ’write back‘, напишал ’later days‘, што во слободен превод значи ’се гледаме подоцна, наскоро, некогаш или никогаш‘. Не знаев што мисли со тоа, но не мислев дека може да се случи таква трагедија“, вели Лиса.
Според мислењето на полицијата, Џереми веројатно однапред го смислил сето тоа, бидејќи револверот го чувал во своето школско шкафче, а оставил и проштално писмо. Содржината од таа порака не е позната. Некои извори дури тврдат дека напишал повеќе пораки за своите пријатели. Таткото на Џереми бил викнат во училиштето за да биде разговарано со него за честите изостаноци на Џереми, а тие двајца заедно почнале да одат и на советување.
Но, од песната на култните Pearl Jam може да се добие речиси потполно поинаков впечаток за момче чии родители не му обрнувале внимание и ги игнорирале неговите повици за помош. Блиски пријатели и членови на семејството тврдат дека тоа е една голема лага. Пријателката на Џереми, Британи Кинг, јавно ја критикуваше песната тврдејќи дека создава погрешна слика.
„Бев лута на нив поради таа песна, бидејќи немаа поим што се случило, ниту беа таму. Нивната приказна не е точна“, вели таа.
Што се случило после тоа?
Песната „Jeremy“ стана огромен хит, а албумот „TEN“ од Pearl Jam заврши на врвот од музичките топ листи. Во исто време, семејството на Џереми се носеше со тешки последици од трагедијата.
Родителите на Џереми, Џозеф Дел и Ванда Крејн, беа разведени, а Џереми живееше со таткото. Веден не ги контактирал нив во врска со песната, иако и двајцата имале огромни замерки за неа. Во прв ред замерувале тоа што нивниот син е сведен на приказна за самоубиство. Џозеф Дел тогаш дал изјава со порака до „фановите“ кои оставале пораки на гробот од Џереми и до бендот кој дебело заработил ја капитализирал тагата на родителите од момчето.
„Одново и одново таа песна ги вовлекува и говори само за восхитувањето кое го чувствуваат кон Еди Ведер. Моето страдање станува сè подлабоко со секој повик, порака и е-меил. Луѓето кои никогаш не го познавале решиле да напишат песна за него, да снимат спот и да пишуваат статии за тој ден. Луѓето кои со него немале никаков личен однос, неговиот живот го сведоа на еден ден. Има толку многу работи за животот на Џереми, а не само тој кобен и судбоносен ден“, напиша Дел.
Ведер тврди дека размислувал да го контактира неговото семејство, но одлучил да не го направи тоа бидејќи „не сакал да биде наметлив“. Призна дека дошол до заклучок за Џереми дека бил занемарен од неговите родители, но дека никогаш не разговарал со него.
Мајката на Џереми, Ванда, исто така минатата година се осврна на тагата која и денес ја чувствува. „Денот кога загина не го дефинира неговиот живот. Беше син, брат, роднина и пријател. Беше талентиран уметник. Освојуваше награди и сето тоа пред да наполни 12 години“, изјави таа.
Тврди дека често чита приказни за пукања во средните училишта и дека чувствува поврзаност со родителите на жртвите.
„Размислувам за мајките, за сестрите, но и за тоа какви мислења ќе имаат луѓето за учениците. Сакам да ги прегрнам и да им кажам дека еден ден ќе биде подобро“.