Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Канадскиот премиер Џастин Трудо доби нов мандат како премиер откако заедно со неговите либерали победија на парламентарни избори во Канада и ќе ја формираат следната малцинска влада.
Најголемите телевизии на француски и на англиски јазик објавија дека Либералната партија на Канада на Трудо не освои апсолутно мнозинство.
Според изборната комисија врз основа на 18 отсто преброени гласови, либералите освоија 145 пратенички места, додека Конзервативната партија на Канада на Ендру Шир има 106 пратеници.
Канадскиот парламент има 338 пратеници, што значи дека за мнозинство потребни се 170 мандати.
Сепаратистичкиот блок на Квебек ќе има 33 пратеници, додека левичарската нова демократска партија – 20.