Јапонски научници оживеаја мозоко од мртов глушец и го одржуваа во живот 25 дена


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тим јапонски научници успеаја да оживеат мозок од мртов глушец и истиот да го одржуваат во живот цели 25 дена, пренесува „Сајенс алерт“.

Всушност, се работи за дел од мозокот на глувче, а времето во кое тоа ткиво било одржувано во живот, е значително подолго во однос на досегашните слични експерименти. Претходно, доктори од Јејл универзитетот успеаја да оживеат мозок од свиња која била мртва четири часа, а тој експеримент траел шест часа.

Успешноста на новиот експеримент се должи на нова мембрана и модифициран микрофлуиден уред користени во испитувањата, кои го хидрираат ткивото и не дозволуваат тоа да се исуши.

Проблемот е одржувањето рамнотежа. Овие ткива брзо се сушат, па затоа системот треба постојано да ја одржува влажноста и да ги снабдува со хранливи материи. Но, од друга страна, премногу влага ги спречува клетките да разменуваат гасови што му требаат на ткивото за да преживее.

– И, тоа е наредниот проблем што тимот ќе треба да го реши, изјави биохемичарот Нобутоши Ота од РИКЕН Центарот за биохемиски истражувања.