Малолетник во Белград украл градски автобус и собирал патници од секоја постојка


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


17-годишниот С.Б. од Белград беше уапсен од полициските служби откако вчера украл еден од градските автобуси во Белград и го возел долж цела дестинација од линијата по која регуларно сообраќал бројот на тој автобус. Против момчето ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено користење на туѓо возило, информираат српските медиуми.

С.Б. е осомничен дека вчера попладне украл автобус на линијата 59 во Белград и со него се возел од белградска Автокоманда до Видиковец. При тоа момчето застанувало на секоја станица и собирало патници.

Според српските медиумите 17-годишникот немал возачка дозвола.

Возачот на автобусот тргнал во потера по момчето кое го украло автобусот и го пресретнал со својот автомобил попречувајќи му го патот. Го извлекот од автобусот и чекал доаѓање на полицијата.

-Ја завршив првата смена и го оставив автобусот на последната станица бидејќи колегата доцнеше неколку минути поради протестот на таксистите. Автобусот го паркирав, ја затворив врата и тргнав кон дома, кога колегата ми се јави и ме праша „Каде е автобусот?“. Мислев дека се шегува – вели возачот за „Србија данас“.

Како што раскажува тој успеале да го лоцираат автобусот со помош на авто-центарот.

-Возев позади автобусот некое време. Не знае кој е зад воланот и не смеев да реагирам затоа што имаше патници. Се плашев да не испаничи и да не повреди некој од патниците. Целата траса ја возеше како професионалец. Ниедна грешка не направи, ниту пак промаши некоја станица. Кога сврте кон Видиковец застанав пред автобусот и му го попречив патот. Со раце ја отворив вратата и влегов во автобуст. Пред себе видов тинејџер. Бев шокиран. Ми рече „Немој брате!“, го фатив и го изнесов од автобусот – раскажува 40-годишниот возач.

Патниците сведоци на случката во меѓувреме се јавиле во полиција и пријавиле дека некој го тепа возачот на автобусот, но ситуацијата за разјаснила кога дошла полицијата, по што момчето било уапсено.