Владата најавува можно намалување на цените на зелените картони за возилата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На трибина во Куманово, во рамки на кампањата „На прав пат“, премиерот Зоран Заев најави дека Владата веќе разгледува варијанти за поевтинување на зелениот картон.

„Нормално ако е скап не го купуваат. Ако го намалиме на ниво на регионот колку што го има, ќе си вадат сите зелен картон. Тоа е во преговори со осигурителните компании и со сето она што претставува како трошок во зелениот картон како користење на патишта и друго“, изјави Заев во Куманово.

Цената на зелен картон на патничко возило до 66 киловати на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 киловати за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 киловати за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 киловати e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, мотоциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари.

Цената за товарните возила и за автобусите е 17.222 денари. Важност на годишната зелена карта е во рамките на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност, односно истекува со регистрацијата.