Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кениецот Елиуд Кипочоге конечно успеа во својата цел – да стане првиот човек кој истрчал маратон (42 километри и 195 метри) за помалку од два часа.
Маратонот беше организиран само за Кипчоге да се обиде да постави време под два часа. Трчаше во Виена и го заврши за време од 1:59:40.2.
Така 34 годинишниот Кениец конечно успеа во својата цел, две години откако во Монца „задоцни“ 25 секунди.
Сепак времето на Кипчоге нема да се води како нов светски рекорд бидејќи нема да биде призанено од ИААФ, но тој успеа во подвиг кој се смета за еден од најголемите во атлетиката и во спортот воопшто.
HISTORY! pic.twitter.com/qjLfofhL5s
— Eliud Kipchoge (@EliudKipchoge) October 12, 2019
Маратонот во Виена беше организиран под името „Ineos 1:59 challenge“, а финансиска поддршка пружи токму компанијата „Ineos“ која е во сопственост на најбогатиот Британец Сер Џим Ретклиф.
„Ineos“ не поднесе барање до ИААФ времето остварено во Виена да се смета како официјално, а Кипчоге трчаше зад автомобил, што според ИААФ правилникот не е дозволено.
Меѓутоа на Кипчоге тоа не му е важно затоа што тој не трчаше за светски рекорд, туку за да покаже дека граници не постојат.
„Трчам да влезам во историјата. Трчам за да покажам дека граници не постојат, ниту еден човечко суштество нема ограничување“, изјави Кениецот пред маратонот.
Инаку, тој секако е сопственик на свескиот рекорд кој го постави на маратонот во Берлин во 2018 година кога истрча за време од два часа, една минута и 39 секунди.