Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Приоритет на Јувентус во зимскиот преоден рок ќе биде да ја засили левата бековска позиција, каде во моментов го има само Алекс Сандро.
Ова лето тимот го напушти Сандро Спинацола, Пелегрини беше изпратен на позајмица, па Маурицио Сари на левата бековска позиција во моментов го има само Алекс Сандро.
Италијанските медиуми тврдат дека „старата дама“ сака да го донесе играчот на Челзи, Емерсон Палмери кој на „Стемфорд Бриџ“ работеше со Сари.
Емерсон започна неколку натпревари од првата минута под водств на Френк Лампард, но е спремен да се врати во Италија доколку за него пристигне примамлива понуда од Јувентус.
Палмери има договор со „сините“ до 2022 година, па неговата трансферна вредност во моментов изнесува околу 20 милиони евра.