Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе направи се што е во негова моќ за да го напушти клубот во јануари, пренесуваат англиските медиуми.
Французинот сакаше да си замине уште во летниот преоден рок, но до трансфер не дојде. Клубот од „Олд Трафорд“ дури се обиде да му понуди нов договор, но тој нема намера да ја продолжи соработката.
Пред неколку дена се појави информација дека Мино Раиола за својот клиент ќе побара неверојатна плата од 600.000 фунти неделно и со тоа ќе му даде до знаење на Манчестер Јунајтед дека Погба сака да си замине.
Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус и да го врати Францизинот во своите редови, а италијанските медиуми тврдат дека „старата дама“ веќе има план.
„Тутоспорт“ наведува дека Јувентус е спремен да ги понуди Манџукиќ и Емре Чан, плус пари за да го добие потписот на Погба во јануари.
Ова е сигурно примамлива понуда за „црвените ѓаволи“ кои се заинтересирани за двајцата споменати фудбалери, па останува да видиме како ќе реагираат на понудата.