Англичаните ќе го напуштат теренот во случај на расизам!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Репрезентативците на Англија се подготвени да го напуштат теренот доколку на натпреварот со Чешка од трибините бидат навредувани поради бојата на кожата, и така да испратат силна порака против расизмот.

„Ако има расистички навреди и ако само еден фудбалер не е среќен на теренот сите ќе се повлечеме“, изјави капитенот Хари Кејн.

Напаѓачот на Челзи, Тами Абрахам прв пат доби повик во сениорскиот тим. Тој на медиумите им изјави дека фудбалерите разговарале со стручниот штаб околу протоколот што за вакви ситуации го предвиделе од Европската фудбалска унија.

УЕФА за ситуации со расистички навреди има протокол во три чекори, а последниот е официјалните лица да решат дека го прекинат натпреварот. Англиските репрезентативци се согласиле дека нема да го чекаат протоколот тука оти веднаш ќе се повлечат од теренот.