Перез ги спреми милионите: Мбапе или Салах за нов „галактико“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез наредното лето сака да донесе уште една голема ѕвезда и спремил огромен буџет за тоа.

Поради неубедливите игри, на удар на јавноста се најде тренерот Зинедин Зидан, но претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез смета дека проблемот може да се реши со купување на нови фудбалери.

Перез засега подготви 170 милиони евра, а прва мета е ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе. Доколку не успее да го договори младиот Французин, тогаш ќе се насочи кон Мохамед Салах.

ПСЖ и Ливерпул тешко дека ќе се откажат од своите најголеми ѕвезди, но Перез не се откажува и наводно е спремен да плати и повеќе од 200 милиони, за да доведе нова голема ѕвезда на „Сантиаго Бернабеу“.