Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Планетарно популарната старлета и припадничка на кланот Кардашијан/Џенер, Ким Кардашијан Вест, со семејството отпатува во Ерменија , од каде води потекло нејзиниот татко, за таму да ги крсти своите три деца, синовите Сент и Псалм и ќеркичката Чикаго.
Ким се пофали на социјалните мрежи со снимки направени пред црквата, а со својата облека им го привлече вниманието на фановите. Ким избра долг сив фустан за крштевките, а во едно видео што го објави на социјалните мрежи, нејзиниот задник е во преден план.
View this post on Instagram
„Дали таа носи пелени?”, “Ах, зошто ги гледам рабовите на шорцевите ако има своја линија на тесна долна облека?”, беа само дел од коментарите на „социјалата“.
Tаа неодамна лансираше линија на долна облека, која е промовирана на социјалните мрежи како важен производ за жени и ја обликува нивната линија. Но, поради оваа снимка, многу луѓе се прашуваат дали производот на Ким е навистина добар колку што таа тврди. Ким не потврди ниту негираше дека носи мидер ,,Скимс” под фустанот.
Инаку, Ким ја избра Ерменската апостолска црква да ја крсти и најстарата ќерка Норт во 2015 година, а церемонијата се одржа во Ерусалим.