Вработените од аеродромот во Абу Даби се шокирале кога виделе кога е роден овој дедо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вработените од аеродромот во Абу Даби останале шокирани и без зборови кога патник чија возраст според неговата патна исправа била 123 години, поминал на нивниот терминал.

На пасошот од Свами Сивананда пишува дека е родан на 8 август, 1896 година, во Бехали, Индија. Сивананда патувал за Лондон со „Етихад ервејс“ и морал да застане во Обединетите Арапски Емирати.

Ако датумот на неговиот пасош е точен, Сиванданда е најстариот човек што некогаш живеел на земјата.

Сивананда ги загуби и родителите кога имал само шест години, а неговите роднини го дале на духовниот гуру со кого патувал низ цела Индија пред да се насели во Варанаси. Тешко е да се каже дали тој всушност има 123 години, бидејќи единствениот запис на неговата возраст е од регистарот на храмови.

Она што е сигурно е дека Сивананда изгледа децении помладо од неговите наводни 123 години, а тоа го припишува на јога, дисциплина и целибат.

Сивананда стана познат на интернет во 2016 година, поради датумот на раѓање од пасошот и во тоа време изјави дека водел едноставен и дисциплиниран живот. Потоа откри дека јаде само зготвена храна без масло или зачини, а секој ден практикува јога.