Иако му пропаднаа сите ресторани, Џејми Оливер си исплати милионски бонус


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако над 1.000 вработени кои беа персонал во неговите ресторани останаа без работа откако ресторанскиот ланец на Џејми Оливер пропадна поради банкрот минатата година, славниот готвач себеси си исплатил над 5 милиони евра бонус, пренесува „Гардијан“.

Финансискиот крах, се чини, славниот готвач сепак, нема премногу силно да го почувствува на сопствениот џеб иако останал без 20-тина ресторани. Му пресудија енормните трошоци и промашениот концепт, сметаат аналитичарите, а своевремено Оливер прогласи сопствен банкрот.

На Оливер, освен финансиски, пропаѓањето на неговиот бизнис во добар дел го погоди и на човечко ниво. Со многу вработени работел со години и поминал трновит пат, а при затворањето на рестораните им се обрати со емотивен имејл.

„Во моментот не можам физички да бидам со вас, но сакав на сите да ви се заблагодарам што го вложивте срцето и душата во нашите ресторани. Нашите прехранбени стандарди секогаш нè издвојуваа од конкуренцијата и многу нешта на што можете да бидете горди“, ги охрабрил Оливер поранешните вработени.