Футуристичка луксузна јахта со импресивен изглед


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Новата 112 метри долга луксузна јахта „Aqua“ со футуристички изглед и дизјан беше претставена на овогодишниот Саем на наутика во Монако.

Погонскиот систем на оваа јахта е заснова на течен водород и систем за напојување со технологија на горливи келии, што ја прави оваа јахта една од ретките со толку врвна технологија.

Надворешноста на овој брод црпи инспирација од океанот, со извонредни дизајнерски линии кои од предниот до задниот дел глатко се прелеваат.

Јахтата има панорамска капсула од која може да се доживеат неверојатни погледи. Напред на бродот се просториите за гости кои нудат неверојатни карактеристики и погодности. На центарот на палубата има скали и водопад кој секого би оставил без здив.

Приватниот простор за сопственикот содржи просторен тоалет, гардероба, па дури и приватен спа центар.

Што се однесува до перформансите, оваа јахта може да помине скоро 3.750 наутички милји и да постигне брзина од 17 јазли.