Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нголо Канте е сигурно еден од најдобрите играчи за врска во светот, а медиумите тврдат дека наскоро би можел да го напушти Челзи.
Французинот е на мета на многу европски гиганти, ова лето се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и ПСЖ, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Јувентус.
„Дејли Мејл“ пренесува дека „старата дама“ е сериозно заинтересирана за Канте и ќе се обиде да го реализира трансферот уште во јануари.
Тренерот Маурицио Сари смета дека Канте одлично би се вклопил во средниот ред и побарал од челниците да го донесат во Торино.
Јувентус е спремен да понуди 80 милиони евра за потпист на Канте, но проблем секако ќе биде големата конкуренција.
Имено, ситуацијата со Канте внимателно ја следи и Реал Мадрид, кој е спремен да направи се за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.