Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најценети производи од страна на потрошувачите од цел свет уште се оние со назнака „Направено во Германија“ (Made in Germany), додека пак најмалку доверба потрошувачите имаат кога станува збор за производи со кинеско потекло. Овие податоци ги носат резултатите од едно истражување во оваа сфера.
Во анкетата на една британска компанија за истражување на јавното мислење и Универзитетот Кембриџ, повеќе од половина од анкетираните во 23 земји позитивно ги оцениле германските производи, а само шест проценти им доделиле негативна оценка.
Како што пренесуваат медиумите, Германија во тоа истражување освоила 45 бода, Италија го заземала второто место со 38, а во чекор ја следат Велика Британија и Франција со по 34 поени. Јапонија освоила 33 бода и е подобра за пет бода од Јужна Кореја.
Кинеските производи во просек 44 проценти од испитаниците ги оцениле негативно, а 15 проценти позитивно. Со тоа Кина го заземала последното, 12-то место во групата на земјите произведувачи, со освоени 29 бода.
Анкетираните потрошувачи се од земјите на висок доход, вклучувајќи ги ЕУ, САД, Јапонија и Австрлаија, но и оние со ниски примања, како Индија, Мексико, Кина, Нигерија и Јужноафриканската република.