Сончев и топол прв октомвриски ден


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес, први октомври, метеоролошките прогнози најавуваат дека ќе имаме сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до 14, а дневната од 26 до 32 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 30 степени

Во четврток ќе настапи значително наоблачување и ќе има повремени врнежи од дожд. На места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне и во текот на ноќта кон петок.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.