Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јадранка Ивановска- Јоци на својот Фејсбук профил ги објави снимките од тоа како ја напаѓа Томислав Кежаровски.
„Во име на вистината и во интерес на јавноста ја објавувам оваа снимка од вчера. Бидејќи, Кежаровски, за да го оправдаат насилството од вчера врз мене, ја втурнаа во прикаската и нивната ќерка, која искрено не знам ни како изгледа на овие години.На снимката е улицата Мите Богоевски во населба Лисиче. На оваа улица не живеат Кежаровски. Во еден момент, може да видите дека расправијата и не личи баш на расправија.
На крајот, и покрај се’, јас се паркирам и влегувам во куќата на другарка ми.За сите наводи, јавни закани, изнесени лаги од сите членови на семејството, ќе бидат поднесени пријави во полиција и кривична за закана.
Нека си донесат писмени или други докази за лажните тврдења. А, немаат.
Јас за нив имам.
Немам намера повеќе никого да толерирам кој ја загрозува мојата безбедност, ме вознемирува на јавна површина, навредува јавно, ми препишува дијагнози, напаѓа и очекува да помине неказнето.
Потекнувам од пристојна, ситуирана и едуцирана фамилија, исто и моите пријатели.
И ова е недозволиво !“ напиша таа во описот на видеото кое го објави.