Германскиот Бундестаг одобри почетокот на преговорите за наше членство во ЕУ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со огромно мнозинство гласови германскиот Бундестагот вчера вечерта даде зелено светло за почеток на преговорите на Македонија за официјално зачленување во Европската Унија.

Со 476 гласа за и 122 против , како и 16 воздржани пратеници , Бундестагот го одобри поетокот на преговорите на Македонија со ЕУ . Пратениците во исто време гласаа и за почеток на преговорите на Албанија.

На седницата во Бундестагот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања , Бујар Османи , кој беше поздравен од пратениците.

Десетината говорници се согласија дека Северна Македонија и Албанија направиле напредок и дека на регионот Западен Балкан треба да му се овозможи приближување кон ЕУ.

Според пратеникот од владејачката ЦДУ /ЦСУ , Петер Бејер , младите луѓе од Северна Македонија и Албанија треба да живеат во средина каде ќе бидат применувани европските стандарди и ќе имаат позитивна перцепција за ЕУ .

Пратеникот Кристијан Петри од коалициската СПД рече дека овие земји бараат помош , дека се подготвениз а реформи и дека треба да им се овозможи да го почнат процесот, што беше поздравено со бурен аплауз.

За Албанија, за која исто така е одобрен почеток на преговори, „за” гласаа 395 пратеници во Бундестагот,, 188 беа против и 16 воздржани.