30 милиони денари за субвенционирање на семејства за купување печки на пелети


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Владата оваа година одобри субвенции во висина од триесет милиони денари кои ќе бидат наменети за субвенционирање на семејствата кои сакаат да купат печка на пелети за греење во зимскиот период. Половина од овие средства, односно 15 милиони денари, се предвидени за субвенционирање на ранливите категории на граѓани.

„Ранливите категории граѓани ќе може да купуваат печки на пелети и притоа да ги исполнат соодветните услови од јавниот повик и на тој начин ќе бидат кофинансирани до 50 проценти, но не повеќе од 25.000 денари“, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

Тој најави дека во зависност од бројот на апликации коишто ќе ги имаат на овој оглас, следната година да биде зголемен буџетот само за ранливите категории на граѓани.

Министерството за економија коешто го објавува јавниот оглас за субвенционирање годинава очекува зголемен интерес имајќи предвид дека на ланскиот оглас пристигнале над 2.000 апликации, а биле субвенционирани околу 640 домаќинства.