Home Вебкафе Трогателната и најчиста љубов меѓу еден човек и едно шимпанзо (видео)

Трогателната и најчиста љубов меѓу еден човек и едно шимпанзо (видео)

Женката шимпанзо од видеото се имаше откажано од животот. Одбиваше храна, вода и било каков контакт со други луѓе. Но, тогаш се појави еден стар пријател кој нештата ги промени од корен.

59-годишната Мама, најстариот примерок на шимпанзо во нејзината колонија, беше смртно болна. Знаеше дека нејзиниот крај е блиску, па одбиваше да прима храна и вода. Но, кога крај неа во посета се појави еден стар пријател, нејзината реакција ги трогна и воодушеви сите други.

Професорот Јан ван Хоф своевремено се грижел за Мама уште кога таа била само мало шимпанзо. Кога ги чул лошите вести за неа, веднаш заминал во посета кај Мама, за да се збогува од неа. Погледнете ја нејзината реакција на неговата посета.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

6 причини зошто мажите полесно си го живеат животот од жените

6 ПРИЧИНИ ЗОШТО МАЖИТЕ ИМААТ ПОЕДНОСТАВЕН ЖИВОТ ОД ЖЕНИТЕ Не е тајна дека мажите и жените …