Од Владата најавија: 12.000 стечајци ќе добиваат месечен паричен надомест до пензија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со новите законски измени во Законот за стечајци кои поминаа на владината седница, се прави проширување на опфатот на 1.000 нови стечајни работници кои ќе добиваат месечен паричен надоместок сè до моментот на нивното пензионирање, велат во соопштение од владејачкиот СДСМ.

„Со ова и претходните решенија, вкупниот број се искачи на околу 12.000 стечајни работници, кои добиваат финансиска поддршка и материјално обезбедување до моментот на нивно пензионирање“, објави премиерот Зоран Заев на неговата официјална Фејсбук страница.