Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со договор „тежок“ 3 милијарди долари, потпишан меѓу американската вселенска агенција НАСА компанијата „Локид Мартин“, ќе се градат три капсули „Орион” , кои најдоцна до 2024 ќе треба да ги пренесат американските космонаути на Месечината.
,,Локид Мартин “ била избрана меѓу 11 американски компании , кои се нашле во најтесниот избор за развој на прототип на капсула.
Ним им е доверено управување со мисијата, во која ќе испратат шест летала Орион на Месечината.
Орион е вселенско летало специјално дизајнирано за летови преку границите на Сончевиот систем во кое би се вклучиле и астронаути. Леталата се составен дел од инфраструктурата на НАСА за мисиите Артемида и идните истражувања на сончевиот систем.
Програмата на НАСА да ги врати американските астронаути на Месечината најдоцна до 2024 година, е именувана по грчката божица на месечината. Целта е да стигнат на јужниот пол на Месечината каде човечко стапало сè уште не стапнало.
Американската агенција соопшти дека нарачала три капсули Орион за 2,7 милијарди американски долари за мисиите Артемида III, IV и V. Во фискалната 2022 година, тие планираат да нарачаат уште три капсули за мисиите VI, VII и VIII за вкупно 1,9 милијарди долари.
Севкупно, тие планираат да нарачаат минимум шест и максимум 12 вселенски летала Орион до 2030 година.
Во јуни ја завршија изградбата и опремувањето на капсулата „Орион“ за првата мисија во рамките на програмата „Артемида“, што треба да прими екипаж.
„Како единствено вселенско летало опремено за истражување на вселената преку границите на Сончевиот систем, Орион е клучен за континуираната водечка улога на Америка“, рече пратеникот на Републиканската партија во Конгресот, Брајан Бабин.
„Програмата Артемида е следниот чекор во истражувањето на вселенскиот простор. Тоа е составен дел од поширокиот пристап на НАСА кон истражувањата, од Месечината до Марс, како дел од која ние брзо и одржливо ќе ја истражуваме Месечината и ќе ги искористиме нашите знаења за да го овозможиме следниот скок на човештвото – испраќање на астронаути на Марс “, се наведува во соопштението на НАСА.